
Филмовите „Conclave“ и „The Brutalist“ освоија по четири филмски награди на Британската академија (БАФТА), а „Conclave“ беше прогласен за најдобар филм на синоќешната церемонија.
Трилерот за Ватикан „Conclave“, кој имаше најмногу номинации, освои и награди за најдобар британски филм, најдобро адаптирано сценарио и најдобра монтажа.
Брејди Корбет ја доби наградата за најдобар режисер за филмот „Бруталист“, а Адриен Броди за најдобра машка улога во филмот, пренесува Ројтерс.
„Бруталист“, трииполчасовна приказна за животот на унгарскиот имигрантски архитект кој се обидува да го обнови својот живот во САД по Втората светска војна, исто така се сметаше за фаворит за најдобар филм, освојувајќи награди за оригинална музика и кинематографија.
Наградата за најдобра главна женска улога ја доби Мајки Медисон за улогата на егзотична танчерка која влегува во врска со син на руски олигарх во филмот „Анора“.
Киеран Калкин ја доби наградата за најдобра споредна машка улога за филмот A Real Pain“ (Вистинска болка), додека наградата БАФТА за најдобра споредна женска улога ја доби Зои Салдана за нејзината злобна улога во филмот „Емилија Перез“.
Наградата за најдобро оригинално сценарио ја доби Џеси Ајзенберг за „Вистинска болка“, додека наградата БАФТА за најдобро адаптирано сценарио му припадна на Питер Страган за „Конклава“.
Церемонијата на доделувањето на филмските награди БАФТА за 2025 година се одржа синоќа во Кралската фестивалска сала на центарот Саутбанк во Лондон, а домаќин беше шкотскиот актер Дејвид Тенант.
Учесниците се натпреваруваа во 23 категории за кои одлучуваа членовите на БАФТА, а целосната листа на добитниците на наградите можете да ја видите тука.