Во малата сала на Центарот за култура во Битола, денес, со почеток во 19:30 часот, на посета во Битола доаѓаат гостите од Прилеп од интернационалниот фестивал за краток филм Winter Apricots.
Неуморно работејќи веќе 9 години да им го достават најдоброто и најсвежото од светската краткометражна кинематографија на прилепската публика, во малата сала на Центарот за култура во Битола ќе се престават со “best of” селекција, како загревање за нивното овогодинешно издание.
После проекцијата, следи дискусија со нив за нивните искуства, предизвиците на ваквите независни иницијативи во помалите градови и убавините на оваа уметничка форма.
Се гледаме на кино!