Skip to main content

„Нокаут“ се простија со загинатите членови на „ДНК“: „Животот на музичарите не е лесен, но не смее да биде трагичен“

Фото: Принтскрин

Македонската музичка сцена продолжува да тагува по трагедијата во Кочани, во која животите ги загубија членовите на групата „ДНК“ и нивни соработници – музичарите Андреј Ѓорѓиески, Сара Пројковска, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Стевановски и Александар Коларов, како и официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов.

Емоционална порака до нив упатија и членовите на групата „Нокаут“, кои преку социјалните мрежи се простија од своите колеги и пријатели.

„Не е лесен животот на музичарите, но не смее да биде трагичен. Андреј, Сара, Ѓорѓи, Александар, Филип, Александар, и сите вие кои прерано ги изгубивте животите во Кочани, мирно ви небо. Најдлабоко сочувство од ‘Нокаут’“ стои во нивната објава на Инстаграм.

Извор: Слободен печат

Поврзани вести