
Социјалните мрежи се преполни со коментари и видеа од луксузната свадба што го воодушеви регионот – а посебната атмосфера на вечерта ја даде никој друг туку Јелена Розга, која настапи како специјален музички гостин.

Станува збор за свадбата на познатата српска претприемачка и инфлуенсерка за убавина Тијана Поповиќ, попозната во јавноста под името Тијана Венити. Таа е едно од најпознатите имиња кога станува збор за едукација за шминка на Балканот.