Skip to main content

Ќути кога боли, емотивна поема на Пере Нокаут – Барем тие неколку дена, бидете луѓе!

Freepik

По трагедијата во Кочани, Никола Перевски – Пере сподели емотивна поема на својот фејсбук-профил во која ги критикува оние што се насладуваат на туѓата несреќа и ги охрабрува луѓето да не заборават на вистинските вредности и да останат човечни, особено во вакви тешки моменти.

Фото: Facebook/Nikola Perevski

Во продолжение ви ја пренесуваме неговата поема во целост…

ЌУТИ КОГА БОЛИ

Луѓето знаат да гледаат.

Знаат да гледаат директно

во туѓата несреќа.

Да кликнат, да коментираат.

Да се насладуваат на туѓиот пекол

додека грицкаат нешто мрсно од кеса.

Но,знаеш што не знаат?

Да молчат кога е потребно.

Да ја спуштат главата кога не знаат,

кога немаат поим.

Да се ​​тргнат настрана кога болката не е нивна.

Да ги остават луѓето да ги закопаат своите деца

без блиц, шепоти и евтини анализи.

Не барам чуда.

Не барам свет

без врева.

Барем за тие неколку дена,

Бидете луѓе.

Не таблоиди.

Не ловци на туѓа трагедија.

Не доктори за се и сешто.

Само луѓе.

Со душа, ако ни остана.

Затоа што ако го прокоцкаме и тоа –

Нема ни што да се свири веќе.

Поврзани вести