Skip to main content

Ѓорѓе Давид: Имам потреба да одам во Македонија, таму е како сѐ да умрело

Photo: Instagram/Giorgje David

Пејачот Ѓорѓе Давид е надвор од себе откако се случи трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, а околу 200 се повредени. Тој а имал можност да запознае член на бендот додека работел во Македонија.

Имав можност да запознаам едно момче од бендот бидејќи често сум во Македонија и знам дека овие момчиња се многу актуелни и популарни. Ова не е трагедија само за Македонија или за Балканот, ова е трагедија од светски размери. Не се сеќавам досега да се случило вакво нешто. Тоа се огромен број млади луѓе кои требаше да бидат идни татковци и мајки. Имам многу измешани чувства. Се имам слушнато со милион луѓе што ги познавам и тагата таму е огромна. Не можам ни да замислам дека таму е како се да умрело во Македонија. Се спремам да одам во Македонија и имам потреба затоа што ја сметам за мој втор дом. Сакам да се сретнам со моите пријатели кои се таму и кои ги познавам – зборува Ѓорѓе Давид за „Блиц“.

Тој додал:

Страшно е колку клубови се „само така направени“ и добиле работни дозволи иако не ги исполнуваат деведесет проценти од условите и стандардите и затоа има толку многу жртви. На луѓето во Македонија им кажав дека треба да се занимаваат со тоа со што се занимаваат, бидејќи државата не се занимавала доволно со тоа. Мислам дека секој што има лиценци кои не се валидни, а им намигнала со едното око, ќе треба да одговорат и да кажат зошто имаат документи.

Познатиот српски музичар коментира дека целата ситуација дополнително треба да се одрази на воспитувањето на децата.


-Имам десетгодишна ќерка и знам како ќе се однесувам кон неа во наредниот период и никогаш нема да ја воспитувам да ми го поставува прашањето „како можат другите да го направат тоа“, по полноќ на малите деца нема место во клуб или на улица. Работите толку се измешаа што свирките почнуваат по дванаесет часот, што е целосно надвор од памет и кога станува збор и за публиката и за изведувачите. Не е нормално и сега се отвора вратата од пандорината кутија и се поставуваат илјада прашања, но никој не може да ги врати тие животи и нема помош за родителите. Не ми се верува дека проклетите пари станаа толку големи што луѓето не размислуваат за луѓето, за своите ближни и дека луѓето се третираат како стока и тие даваат пари. Ако парите се толку важни што клубот не ги исполнил стандардите, тогаш се што му искршиле куќа, автомобил и локали е сосема нормална реакција на народот. Казната што го следи апсолутно ја заслужува.

Поврзани вести