
Американскиот актер Џејмс Ренсон, најпознат по улогата на Зиги Сободка во култната телевизиска серија „Жица“ (The Wire), почина на 46-годишна возраст. Според извештајот на судскиот вештак од округот Лос Анџелес, причина за смртта е самоубиство со бесење.
Ренсон остави длабока трага во телевизиската историја со ликот на Честер „Зиги“ Сободка, трагичен пристанишен работник во втората сезона на „Жица“.
По успехот со „Жица“, Ренсон во 2008 година се појави во воената минисерија „Генерација убијци“ (Generation Kill), каде го толкуваше ликот на маринецот Џош Реј Персон, заснован на реална личност.
Актерот е роден во 1979 година во Балтимор. Уметничкото образование го стекнал во Центарот за уметности и технологија „Карвер“ во сојузната држава Мериленд.

Македонски






