Децата љубопитно и среќно ги гледаа грацизоните движења на своите омилени ликови од бајките на „Дизни“ и суперхероите на „Марвел“. Елса и Ана, Пепелашка, Снежана, Ариел, Бела, Анастастија, Круела, но и Харли Квин и Венсдеј, како и Спајдермен, Хулк, Аладин во Бајката на мраз која викендов се одржа во Арената „Борис Трајковски“.
Бевме сведоци на вистинско Новогодишното шоу на мраз На сцена со мраз на околу 300 квадратни метри пируети и акробации изведуваа младинци и деца, за кои, како што најави продукцијата „Прагма“, се првенци во уметничко лизгање.
Спектакл на мраз, новогодишно шоу на мраз за целото семејство. Арената во текот на викендов се претвори во сцена на која се појавија херои од приказните – Петар Пан, Елса, Супермен, Аладин, Том и Џери, Спајдермен, Мики Маус, Круела и Дедо Мраз.
Во текот на целиот ден, љубителите на ова уникатно шоу можеа да се фотографираат со своите омилени херои, да разговараат со нив, да дознаат повеќе за светот од кој доаѓаат и да создадат спомени кои ќе траат засекогаш. Децата зачекорија во светот на фантазијата и станаа дел од приказната.
А кога дојде времето за големиот настап, ледената подлога се исполни со магија – хероите пловеа по мразот, светските првенци во лизгање ги претворија омилените ликови во живи ремек-дела на уметноста и целата публика можеше да ужива во единствена претстава која ги спои авантурите, фантазијата, детските спомени и празничната атмосфера во едно.