Skip to main content

Четкар со композицијата „Охрид“ ја освои клубската сцена во Британија, а во септември заминува на турнеја во Јапонија и САД

Владимир Четкар преку својата авторска композиција „ОХРИД“ ремиксана од страна на прочуениот Доктор Пакер (Dr Packer) допре низ дискотеките ширум светот а во Велика Британија е прекрасно прифатена и за прв пат во историјата македонскиот јазик се слуша низ нивните ноќни клубови .

‘ОХРИД’ содржи  еден дел на македонски  јазик и е фузија на повеќе универзални стилови како џез, диско, фанк, боса нова но има и скриен потпис на македонски ритам преку гудачките секции. Со ова универзалност на стилови се потенцира фактот дека Охрид и езерото се светско наследство чија колосална важност далеку ги надминува локалните и регионални граници како и границите на фолклорот.

Ова најнова соработка на Четкар и Доктор Пакер е во пред-промотивна фаза а официјално  ќе се издаде овој Петок (29 Август) на Traxsource преку  австралиската музичка куќа M2MR records.

Набрзо после ова Четкар заминува во Јапонија каде ќе одржи концерти во Кјото во RAG на 6 Септември и Осака на Osaka Expo 2025 на 8 Септември за потоа турнејата да продолжи во Америка во повеќе градови како Њујорк, Детроит, Сан Франциско, Кливленд, Колумбус и т.н.

Поврзани вести