Skip to main content

Британските легенди Delegation доаѓаат во Скопје на 29. Златна Бубамара

Легендарната британска соул, фанк и диско група Delegation, која остави неизбришлив белег на музичката сцена во 70-тите и 80-тите години и ги освои Европа и САД со својот препознатлив звук, ќе настапи на 29. издание на Златна Бубамара на популарноста на 26 февруари во Арена Борис Трајковски. За својата извонредна кариера, групата ќе ја добие наградата за животно дело.

Срцето и гласот на групата е незаменливиот Ricky Bailey, основач и водечки вокал кој уште од 1976 година ја води Delegation до интернационален успех.

Со нивните најголеми хитови како „You and I“,  „Darlin’ (I Think About You)“,  „Oh Honey“, „Where Is the Love“, „Heartache No. 9“, и „ Put a little love on me “, песни кои ја дефинираа ерата на британскиот соул и фанк продолжуваат да пленат и денес.

Настапот ќе биде дополнет од Andy Williams, исклучителен туринг клавијатурист кој настапувал со легендарната група Hot Chocolate, носејќи ги на сцена сите богати звучни текстури, синтисајзери и електрично пијано што го создаваат препознатливиот звук на Delegation.

Овој настап ќе биде вистински празник на музиката, емоциите и трајната магија на Delegation, а годинешното мото на Златна Бубамара – „Апсолутна власт, апсолутна забава“ – ќе добие свое вистинско значење на сцената на 26 февруари.

Оваа година на Златна Бубамара ќе гостува и соул-божицата Марта Хај, легендарната вокалистка и долгогодишен придружен глас на Џејмс Браун која ќе добие награда за животно дело.

Две музички легенди за легендарното издание на Златна Бубамара на популарноста.

Поврзани вести