
Вчерашната вечер во Скопје помина во знакот на електронската музика, откако светски познатиот диџеј и продуцент ARGY настапи во салата „Борис Трајковски“ и приреди спектакл пред илјадници посетители. Концертот беше еден од најголемите електронски настани годинава во Македонија и предизвика огромен интерес кај публиката, а го организираше Прагма продукција. Пред него, загревање беа најдобрите помеѓу најдобрите – диџеите од СЕМПРЕ.
ARGY на сцената донесе препознатлив спој на мелодичен техно и прогресивен звук, со сет кој ја држеше публиката во постојана еуфорија. Со моќна продукција, впечатливи светлосни ефекти и силна интеракција со фановите, настапот се претвори во вистинско аудиовизуелно доживување.
Публиката реагираше со силна енергија уште од првите минути, а партерот на салата „Борис Трајковски“ беше полн. Дел од најпознатите траки на ARGY беа дочекани со громогласни реакции, што уште еднаш потврди дека Скопје е значајна станица на мапата на големите електронски турнеи.
Настапот на ARGY дополнително ја зацврсти позицијата на Скопје како регионален центар за електронска музика и покажа дека интересот за вакви настани е на исклучително високо ниво.

Македонски






