Skip to main content

„Ареа“ утре со голем концерт во СЦ „Јане Сандански“ – 25 години ,,Врати на имагинацијата”

„Ареа“ утре ќе одржи голем концерт во СЦ „Јане Сандански“ по повод 25 години „Врати на имагинацијата“.

На 8 ноември во 20 часот бендот кој е миленик на многу генерации и ја одбележа нивната младост повторно ќе ги соере на заедничко дружење. На утрешниот концерт, кој е по повод 25 години од албумот ,,Врати на имагинација” и 25 години од нивниот легендарен концерт на Саем, АРЕА за првпат ќе го отсвири целиот студиски албум во живо.

Меѓудругото, на концертот премиерно ќе се промовира и посетителите ќе можат да го набават винилното ремастерирано издание на албумот „Врати на имагинација“, а сите кои ќе го купат, ќе имаат можност да добијат потпис од бендот на официјален meet & greet.

Поврзани вести