
Едно од најзабавните видеа од изборите во Унгарија е дело на британската десно ориентирана телевизија ГБ Неwс, и беше снимено за време на митинг во поддршка на опозициската партија Тиса на плоштадот Ержебет. Британскиот новинар снимаше млади луѓе, главно жени, и ги праша за нивните ставови за миграцијата. Прашањето, секако, е дали граѓаните кои сакаат смена на Орбан сепак стравуваат што неговото евентуално заминување ќе значи за унгарската граница и мигрантите.
Не знам, не знам.. не сакам мигранти. Ако ја почитуваат нашата култура, можеме и ние да ги почитуваме нив, рече првата соговорничка, а втората да побрза да го увери Британецот дека и опозицискиот лидер Петар Маѓар, доколку победи, нема да ја отвори границата. Трет соговорник – активист опозициската партија Тиса – дури го обвини Орбан дека бил премногу благ кон мигрантите, односно дека дозволил влез на работници од странство.
Hungarian girl when asked about leftist England:
— Based Hungary 🇭🇺 (@HungaryBased) April 3, 2026
"Do you want to be multicultural and diverse like England?"
"No, I am happy with how Hungary is now."
The people in interview are in the Tisza pro-EU opposition crowd. They ARE being driven by their own propaganda. pic.twitter.com/dxJzxCcnbI
А сепак, на сите им е јасно дека строгата контрола врз миграцијата е главната тема на која Орбан ги добива изборите. Опозиционерот Маѓар настапува на избори и бара смена на Орбан, а сепак, барем декларативно, ги прифаќа сите негови главни ставови. Тоа е голем триумф на изминатите една и пол деценија власт на унгарскиот премиер – да се покаже дека неговите ставови и политики се општо прифатени од граѓаните и се популарни, и секој што сака да му се спротистави, мора тоа да го прави на база на лична нетрпеливост, или со помош на тајно прибавени снимки, без да ги напаја неговите политики.
Слична ситуација имав и јас, пред десетина години, кога земав изјава од претставник на еврејската заедница во Будимешта. Во тоа време, актуелно прашање беше споменикот на германската окупација во 1943 година. Унгарија го признава и осудува своето сојузништво со германија во војната, и Орбан одржува исклучително блиски врски со Израел, но воедно, сакаше со скромен споменик да го одбележи германскио напад врз Унгарија извршен откако Унгарците се обиделе да се повлечат од војната.
Левицата, и еврејската заедница во Унгарија, ова го прогласија за негирање на Холокаусот, и до денес пред споменикот во Паркот на Слободата кје сретнете активисти кои објаснуваат зошто споменикот е спорен, а пред него се наредени предмети и отпечатени статии за Холокаустот. Активистот со кој зборував ги образложи сите проблеми што ги има со Орбан, кој тогаш се уште не беше во отворен конфликт со Брисел и со европската левица.
Но, тоа беше екот на мигрантската криза, и секако, го прашав, што мисли, како Евреин од Унгарија, за политиката на Орбан кон мигрантите – секако му е јасно дека тоа што во Будимпешта има голема еврејска заедница која живее во мир и безбедност се должи на фактот што Орбан и држи границите строго затворени. Мојот соговорник се издиша, ме увери дека тој лично е либерален по прашањето на миграцијата, но ми призна дека постарите членови на еврејската заедница му се благодарни на Орбан што ја држи границата затворена, иако тоа нема јавно да го признаат.
Од таборот на Орбан знаат да кажат дека сличен е односот и на германија и други големи европски држави – дека знаат да фрлаат дрва и камења по лошата Унгарија за пред јавност, додека приватно му благодарат на Орбан и се координираат во неговите активности кон мигрантската рута, па и по прашањето на војната во Украина. Според познатата – Европа е к…а.
Што не значи дека Унгарија е ксенофобната, хомофобната земја од кошмарите на европската либерална левица. Внатрешноста на земјата е составена од нормални, работни, семејни луѓе, додека Будимпешта (особено Пешта) е урбан, космополитски град во кој може да се сретнат сите раси, вери и нации, со нивните придружни светилишта и ресторани. Унгарија годишно издава дозволи на околу 60,000 странски работници. Од нив, една третина се за Украинци, а други поголеми категории се Словаци и Романци, по што следат Филипините и Кина. Земјата е строга кон миграцијата од муслиманските држави, особено кон машката миграција, а има посебна агенција за помош на Христијаните кои се загрозени на Кавказот и Блискиот Исток.
Моделот на ниска миграција кој го гледаме во Унгарија, Чешка, Словачка, Балканот, не е резултат на свесна политика, туку на фактот дека овие држави беа долго време под комунизам кога наместо миграција имаа емиграција, додека Западна Европа беше отворена за истокот, но и за своите поранешни колонии.
Како резултат на тоа, средна и источна Европа денес имаат големи, живи, а сепак безбедни градови, што не е случај со Западна Европа. Орбан не е причината што Будимпешта е редок пример на безбеден светски град, но неговата влада барем не презема чекори активно да го упропасти тоа што по игра на случајот го наследила, за разлика од властите во Британија, Франција, САД под Обама.. Очигледно и тоа е голем и храбар чекор, да ја ограничиш миграцијата на продуктивно население со селекција на пожелните култури, а притоа да преземаш активни мерки за колку – толку зачувување на демографијата на домашното население.
Расипувањето на односите на Орбан со бирократите од ЕУ доаѓа по големата мигрантска криза, кога Унгарија беше клучна во политичката сцена, но и на теренот, и испраќаше жица и сопствени гранични сили во Македонија, а и самата изгради ограда од 170 километри на границата со Србија. Со тоа си го навлече гневот на Брисел и администрацијата на Обама, но во исто време заработи голем углед во десните кругови во Европа, кои конечно пронајдоа една држава што ги застапува нивните интерси во Брисел. Затоа, во изборната кампања, партијата Фидес на Орбан постојано предупредува дека, иако нивните противници во партијата Тиса велат дека и под нивно раководство унгарската граница ќе остане затворена, сепак граѓаните не треба да им веруваат. Тиса е очигледно партија која е производ на Брисел и американската лева дипломатија, и приврзаниците на Орбан велат дека Тиса лаже кога ветува дека со неа Унгарија ќе доживее само промена на раководството, но популарните политики на Орбан ќе останат на сила.
Финалниот прекин на односите меѓу Орбан и Брисел следеше кога Унгарија почна да се профилира како регионална идеолошка сила, со обединувањето на земји како Полска, Чешка и Словачка (и повремено Словенија и Австрија) во блок во ЕУ, и кога почна да се спротиставува на улогата што Брисел се обидува да ја игра во војната во Украина. Орбан стои на позициите на некогашната германска политика дека западна и средна Европа треба да ја градат својата индустриска база со помош на руските ресурси и енергенси и дека конфликтот во Украина е испровоциран од надвор, за да се разбие оваа спрега.
Интересна е политичката коалиција која ја собраа во обид да го урне Орбан. На минатите избори, противниците на Орбан му се спротиставуваа со класична западна коалиција – урбаните граѓани од Будимпешта и другите универзитетски градови, плус преостанатите социјалисти од помалите градови и, вообичаено тука коалицијата треба да се дополни со гласовите на етничките малцинства.
Но, бидејќи во Унгарија нема посериозни малцинства кои би испорачале гласови (како на изборите во Македонија во 2016та, и како што е пракса во Франција, Британија, Германија и САД), на оваа коалиција обично се придодаваше и националистички елемент – слично како што СДСМ покрај себе ги држеше Стојанче или Љубчо, а повремено кај нас таа улога ја играше и Левица. Овој план не беше успешен во Унгарија, поради поделби во нацоиналистичката десница, а и поради крајната дискредитираност на најголемата социјал-демократска партија и нејзиниот лидер Ференц Ѓурчани.
Овојпат, на Орбан му се спротиставува нов вид на политички противник, несомнено обсмислен од либералните експерти од Запад, а дизајниран по урнекот на една друга држава во која нема малцинства кои би им помогнале на левите да победат, а има силна десна суверенистичка партија – Полска.
Политичката логика на Доналд Туск во Полска, а сега и Петар Маѓар во Унгарија, е на автентичните десни суверенисти како Орбан и Качински да му се спротиставиш со навидум десна партија, која ќе ги повторува сите популарни тези на вистинската десница, но во исто време ќе биде целосно поврзана со Брисел и Длабоката Држава во Вашингтон. Затоа, да се навратиме на снимката од почетокот на овој текст, Маѓар толку многу внимава да ги повторува сите главни позиции на Орбан, па дури повремено ја критикува и Украина. Но, доколку се случи да победи на изборите во неделата, нема сомнеж дека Унгарија ќе го подреди својот суверенитет на Брисел и ќе слуша што ќе и се каже по главните прашања кои ги наметнуваат левите либерали – едно време тоа беше миграцијата, моментално е продолжување на војната во Украина, а што ќе им текне утре – ќе видиме.

Македонски


