
Што кога детето ќе може да ви ги чита мислите?
Јулија и Тобијас се соочуваат со урнебесни и застрашувачки ситуации кога нивната мала ќерка Мариел одеднаш открива дека има натприродна моќ – може да чита мисли. Семејните тајни излегуваат на виделина, а секојдневието станува бурна борба за приватност и нормалност.
Филмот „Што знае Маријел“(Was Marielle weiß) е свежа и провокативна драма што маестрално ја меша сатиричната фантастика со семејната драма. Режисерот Frédéric Hambalek создава мрачно духовита приказна што критичарите ја споредуваат со делата на Јоргос Лантимос – паметна, вознемирувачка и смешна во исто време.

Премиерата се одржа на престижниот Берлински филмски фестивал, каде што филмот беше во официјална конкуренција за „Златна мечка“ и освои признание од германските артхаус кина. Публиката и критиката го пофалија за неговата оригиналност и смел пристап кон темата на семејната интимност и скриените тајни.

Во режија на Frédéric Hambalek, со премиера на 04.09.2025, филмот ја носи моќната игра на Mehmet Atesci, Laeni Geiseler, Julia Jentsch, Felix Kramer и Moritz von Treuenfels.