Skip to main content

Приказна за постојаното пријателство, „ТАФИТИ И ПУСТИНСКАТА  АВАНТУРА“ од 9 октомври во кината

Како ги запознавме нашите најдобри пријатели и останавме поврзани со нив во понатамошниот тек на животот, повеќето од нас можат да раскажат преку најпрекрасните спомени и приказни, поврзани со првите години од детството, кога го истражувавме светот околу нас надвор од домот на нашите родители. Мотивирана од снимањето приказна што носи разбирање и пријателство беше режисерката на најновата анимација „ТАФИТИ И ПУСТИНСКАТА АВАНТУРА“, Нина Велс, која ќе биде на репертоарот на домашните кина од 9 ОКТОМВРИ.


Врз основа на многу популарната книга од авторката Јулија Бума, преведена од германски на неколку јазици, „Тафити и пустинската авантура“ на големото платно носи филмска адаптација на приказната за меркат, претпазлив и склон кон набљудување, и неговиот новостекнат пријател, дивата свиња.


Дедото на Тафити целиот свој живот ги предупредува него и неговите браќа и сестри да бидат внимателни со околината, да не се мешаат со други животни, бидејќи тие претставуваат опасност и проблеми, а младиот меркат, кој не е природно авантуристички настроен, се однесува токму така на почетокот.


Кога ќе сретне дива свиња, Тафити се стреми да се промени обидувајќи се да ги убеди членовите на своето семејство дека пријателите се неопходни за напредок и живот. Пријателите инспирираат, поддржуваат, споделуваат искуство и стојат покрај нас.


Продуцентите на насловот наведуваат дека приказната прикажува една од најстарите и најинтересните пустини во светот, во Намбија, која е неспоредлива по својата разновидност и убавина. Шарените пејзажи на Африка со нивните бескрајни пространства и магијата што ја создаваат, импресионираат со визуелни ефекти на екранот, без да фрлат сенка врз протагонистите на авантурата и нивните авантури.


Приказната за Тафити и неговото пријателство е посветена на различни култури и егзотични животни со јасна едукативна порака. Ова е приказна за храброста, подготвеноста за помош, како и фактот дека општествените вредности како што се толеранцијата, емпатијата и отвореноста кон нови работи се универзални теми што се пренесуваат, а главното мото, како што велат продуцентите, може да биде – Никој не е совршен.

Тафити и пустинската авантура:
Тафити, млад меркат, првично го отфрла пријателството со Брислс, грмушесто прасе. Кога неговиот дедо е каснат од змија, Тафити тргнува да го пронајде цветот за лекот. Брислс сака да докаже дека авантурите се секогаш подобри со пријатели.
Оригинален наслов: Tafiti – Ab durch die Wüste
режија: Nina Wels, Timo Berg
улоги: Cosima Henman, Kathleen Renish, Thomas Schmuckert
премиера: 09.10.2025
времетраење: 81′
земја: Германија
жанр: анимација, фамилијарен
Категоризација: Прва категорија

Поврзани вести