
Вчера во 17:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.М.(30) од Струмица. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу 300 грама марихуана, едно засадено стебло канабис, повеќе различни пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.