Skip to main content

Изложбата „Скаменети потези“ на Аница Китаноска се отвора вечерва во Музеј на град Скопје

Вечерва со почеток во 19 часот се отвора самостојната изложба „Скаменети потези“ – синергијата помеѓу мозаикот и сликарството – на уметницата Аница Китаноска.

Изложбата ќе биде поставена во Музеј на град Скопје и ја истражува врската помеѓу материјалот и гестот, претворајќи го мозаикот во жив јазик на боја, текстура и чувство.

Предговорот е на Гордана Велков, историчар на уметност со археологија.

Изложбата ќе биде отворена до 22 октомври 2025 година. Влезот е слободен.

Поврзани вести