Skip to main content

„Сите го викаат Реџо“ на Ибер Деари ја освои наградата за најдобра режија на престижниот Tirana International Film Festival

Филмот „Сите го викаат Реџо“, во режија на Ибер Деари, ја освои наградата за Најдобра режија на престижниот Tirana International Film Festival.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм и беше дел од натпреварувачката програма во категоријата Perspective.

Жирито ја оцени режијата како најдобра со следното образложение: „Во уметноста на филмот, режисерот мајсторски ги обединува креаторите и гледачите, водејќи ансамбл актери за да создадат живописни ликови, надополнети со префинета визуелна композиција. Во комплексниот жанр на комедијата, неговата острина открива длабочини зад хуморот на секојдневниот живот. Со жив дух ја прикажува суштината на едно младо албанско семејство во Македонија, осветлувајќи универзални предизвици кои одекнуваат низ граници, култури и време. Неговиот храбар дебитантски потег ја трансформира комедијата во длабока човечка драма, со суптилна и професионална визија реализирана со извонредна умешност.

Поврзани вести