Skip to main content

Контаминација со пестициди ги спречи албанските пиперки да влезат во Хрватска

Freepik

Хрватските инспекции повторно го стопираа увозот на албански зеленчук поради присуство на штетни супстанци. Овој пат станува збор за осум тони црвени лути пиперки произведени во Дивјак, кои содржеле пестициди опасни по здравјето на луѓето. Блокираното количество ќе биде уништено на територија на Хрватска.

Ова не е прв случај на откажување на албански производи на границите. Во почетокот на минатиот месец, Хрватска уништи четири тони домати од Берат, откако било утврдено дека содржат хлорфенапир во петпати поголемо количество од дозволеното. И претходно, над 10 тони праски од Дивјак биле вратени или уништени во Хрватска и Босна и Херцеговина поради високо присуство на тешкиот метал никел, а словенечките власти исто така го одбиле увозот на праски по исти причини.

Иако албанскиот зеленчук и овошје редовно се наоѓаат на пазарите во соседните земји, жителите на пограничните места главно го набавуваат директно од албанските земјоделци.

Поврзани вести