
ОВЕН
Овни, денот носи можност да покажете лидерски вештини, но внимавајте да не бидете премногу избрзани. Можно е да сретнете личност која ќе ве изненади со својата директност. Ако сте во врска – потребна е поискрена комуникација. Повеќе одмор и лесни прошетки ќе ви помогнат да се ослободите од нервозата.
БИК
Бикови, фокусирајте се на практични задачи. Решението за финансиски проблем може да дојде ненадејно. Стабилноста е нагласена. Вашиот партнер ќе ви пружи поддршка и сигурност. Оние кои се слободни се поканети на дружење. Внимавајте на исхраната – избегнувајте тешка храна навечер.
БЛИЗНАЦИ
Близнаци, информациите што ќе ги добиете денес можат да ви бидат од голема корист во наредните денови. Немирот во вашето срце ве тера да барате нови контакти. Ако сте во врска – избегнувајте расправии за ситници. Зголемете го внесот на вода и зеленчук, подложни сте на дехидрација.
РАК
Ракови, фокусирајте се на деталите и избегнувајте брзоплети одлуки. Можна е соработка со стар познаник. Емоциите се засилени. Вашиот партнер може да очекува поголема посветеност од вас. Слободните Ракови привлекуваат внимание со романтични гестови. Ви треба повеќе сон за да ја вратите енергијата.
ЛАВ
Лавови, донесувате силни одлуки, а другите ве следат. Ракувајте со парите внимателно – можни се повисоки трошоци. Ви претстои романтичен ден! Ако сте слободни, очекувајте комплимент што ќе ви се допадне. Ако сте во врска ве очекуваат пријатни моменти со партнерот. Внесувајте повеќе овошје и витамини, имунитетот е послаб од вообичаеното.
ДЕВИЦА
Девици, денеска е идеално време за справување со документацијата и планирање на вашите следни обврски. Партнерот може да покаже посесивност. За слободните, следува интересна средба преку работа. Чувствителност на желудникот – внимавајте што јадете и избегнувајте стрес.
ВАГА
Ваги, денес е важно да соработувате, а не да инсистирате на себе. Тимот носи најдобри резултати. Љубовниот живот станува подинамичен – можен е флерт или неочекувана покана. Во врската – повеќе заеднички планови. Вклучете се во рекреација – јога или лесни вежби носат рамнотежа.
СКОРПИЈА
Скорпии, време е за фокус кон трансформација и завршување на стари проекти. Интензивните емоции можат да донесат страст и расправии. Слободни – привлечна личност од минатото може да ве контактира. Ви е потребна детоксикација – билни чаеви и повеќе вода.
СТРЕЛЕЦ
Стрелци, добивате можност да покажете креативност. Се отвораат врати за соработка со странци. Авантуристичкиот дух ве тера да барате нови возбудувања. Ако сте во врска – изненадете го вашиот партнер со нешто различно. Енергични сте, но внимавајте на повреди за време на физичка активност.
ЈАРЕЦ
Јарци, денес доаѓа решавањето на финансиските проблеми. Бидете трпеливи со колегите. Емоциите се стабилни, но денес не сте расположени за големи промени. Вашиот партнер ја цени вашата лојалност. Чувствителен ‘рбет и грб – обрнете внимание на држењето на телото.
ВОДОЛИЈА
Водолии, ненадејните идеи можат да се покажат како профитабилни, но запишете ги и разработете ги. Кругот на пријатели може да ви донесе нова симпатија. Во врската – повеќе слобода и разговор. Ви треба повеќе свеж воздух – прошетајте или излезете во природа.
РИБИ
Риби, денес се потпирате на креативност и имагинација – можна инспирација за нов проект. Интуицијата јасно ви покажува на кого да му верувате. Вашиот партнер ќе ја цени вашата нежност. Ќе уживате во медитација или тивка музика за опуштање.