Skip to main content

Израел се закани: На предложените санкции ќе одговориме со иста мера

taylor-brandon-on-unsplash

Шефот на израелската дипломатија Гидеон Сар предложените мерки на Европската комисија за Израел ги нарече „морално и политички искривени“.

Чекорите против Израел ќе и наштетат на интересите на Европа, објави Сар на платформата Икс.

Тој додаде дека Израел со пријателите во Европа ќе ја продолжи борбата против обидите да му се нанесе штета додека е соочен со егзистенцијална војна.

На чекорите против Израел ќе одговориме со иста мера, а се надеваме дека тоа нема да биде потребно, истакна Сар.

Европската комисија денеска усвои предлог за делумна суспензија на трговските придобивки за Израел, како и пакет санкции за Хамас. 

Поврзани вести