
Денешното утро (петок 12 септември) во нашата Република Македонија ни донесе релативно свежо време во најголем дел и претежно ведро и тивко и без некој изразен ветер. Најсвежо ова утро до 8 часот беше во Берово и во Лазарополе со измерена температура од 8 степени.
Најмногу дожд пак во изминатите 24 часа наврна во Охрид и во Претор и тоа 12 литри на метар квадратен дожд.
На табелата можете да ги видите температурите измерени ова утро по градови и места во Македонија до 8 часот, како и наврнатото количество на воден талог во изминатите 24 часа исто така до 8 часот ова утро и тоа на мерните станици на УХМР.