
Премиерот Христиjан Мицкоски денеска ја коментираше ситуацијата со ЈП Дрисла, од каде веќе неколку дена извира густ чад и Скопје се соочува со загаден воздух.
Мицкоски рече дека Владата и надлежните институции работат на решавање на проблемот, а од денеска во депонијата влегува и полицијата.
„Како влада и институции ги преземеме сите мерки, да немате дилема. За Вардариште имаме осомничени лица, кои се приведени и за кои се покажа дека ја користеле илегалната депонија да произведуваат метали, за подоцна нелегално да ги продаваат. Таму од вчера има приватно обезбедување ангажирана од неколку општини, обезбедивме градежна механизација и ќе биде во полн состав и Вардариште е обезбедено, останува Дрисла.
Што се однесува до Дрисла, беше санирана вчера, но од некои чудни причини пред крајот на ноќта повторно се распламна, и денеска таму ќе се позанимава МВР. На линија сме со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, и очекувам проблемот да биде саниран. Јас сочувствувам со секој граѓанин кој го чувствува сето ова, но чудно е како во одредени јавни претпријатија каде што свои кадри има ДУИ се случуваат вакви работи. И тоа ќе го истражиме, и ќе обезбедиме соодветни докази како пожар кој беше ставен под контрола, одеднаш повторно да се распламти. И како сега кога успешно се справивме со пожарите, и покрај диверзиите, одеднаш да се случува сега пвторно пред локалните избори. Вистинското прашање е кому сето ова му одгоовара. Ќе се занимаваме со ова прашање, и сите виновници ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Мицкоски.