Skip to main content

„Од сон до реалност, за вечност“- утре Свечена академија по повод  8 Септември- Денот на независноста

Утре 08.09.2025 година (понеделник) во 10:00 часот по повод  8 Септември- Денот на независноста, ќе се одржи Свечена академија во Македонска филхармонија под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“.

На Свечената академија свое обраќање ќе има Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија.

Исто така по повод одбележувањето на Денот на независноста 8 Септември ќе се положи свежо цвеќе на следните места:

08:30 На вечното почивалиште на првиот Претседател на Република Македонија Киро Глигоров

08:50 На вечното почивалиште на Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски

09:10 На вечното почивалиште на првиот претседател на Владата на Република Македонија Никола Кљусев

Поврзани вести