Skip to main content

Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври

По повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври во НУ Македонски народен театар ќе се одржи свечена академија насловена „Свои на своето!“, на која свое обраќање ќе има претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Поврзани вести