
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги обвини западните земји дека се обидуваат да ги спречат преговорите за за мир во Украина.
Тие само бараат изговор за да ги спречат преговорите, изјави Лавров во интервју за државниот телевизиски канал „Росија“.
Лавров го критикуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, опишувајќи го како „тврдоглав, кој поставува нереални услови, барајќи по секоја цена итен состанок“ со рускиот претседател Владимир Путин.
Лавров, одговарајќи на прашање за заканите од западните држави за нови санкции кон Русија ако нема преговори, потенцира дека тоа е „обид да се наруши процесот инициран од Путин и Трамп, а кој досега даде многу добри резултати“.