Skip to main content

По работа сите на „Градски“ – игра Вардар

Со два натпревари денеска стартува третото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Скопски Вардар од 20 часот ја пречекува струмичка АП Брера, додека во истиот термин Струга ТЛ е домаќин на Работнички.

Силекс во Кратово утре е домаќин на Македонија ЃП, додека актуелниот шампион Шкендија в недела во Тетово ќе игра против Арсими.

Третото прволигашко коло ќе биде комплетирано в понеделник со пресметките меѓу Башкими – Тиквеш и Пелистер – Шкупи, натпревар кој ќе се игра во Кавадарци.

Поврзани вести