Skip to main content

Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила

ДЗС

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Оттаму додаваат и дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини, според информациите на АМСМ, е зголемен.

Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

Поврзани вести