
Синоќешниот пожар избил во фабриката BioCosmos. Соседната фабрика Mirana се огласи со објава на својата официјална Фејсбук страница. Според соопштението, пожарот избувнал како резултат на удар од гром, а иако дел од просториите се оштетени, среќна околност, како што велат, е што нема повредени. Производствениот процес во продолжува непречено, а компанијата најавува редовно информирање и апелира против ширење на шпекулации.
Во продолжение го пренесуваме целосното соопштение:
Почитувани пријатели, партнери и потрошувачи,
Ве информираме дека денес избувна пожар во производствениот погон на BioCosmos како резултат на удар од гром. За среќа, пожарот е во тек и под контрола но нема повредени. Дел од просториите на BioCosmos се оштетени и ќе бидат привремено надвор од употреба.Сакаме јасно да нагласиме дека фабриката Mirana, која се наоѓа во истиот комплекс, не е зафатена од пожарот и производството таму продолжува нормално.
Во координација со надлежните служби работиме на проценка и санација на штетата за што побрзо враќање на BioCosmos во функција. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.Ве молиме да се воздржите од шпекулации и дезинформации – сите точни и навремени информации ќе ги објавуваме преку нашите официјални канали.