Skip to main content

Македонската кошаркарска репрезентација има нов капитен

Кошаркарската репрезентација на Македонија има нов капитен, тоа е Андреј Магдевски. Ова е одлука на селекторот Марјан Илиевски. Магдевски е еден од најискусните во македонскиот национален тим и сосема заслужено ја доби довербата да биде капитен на дуелите во подготовките, како и на претквалификациските натпревари за Светскиот куп 2027 против Романија и Унгарија. 

– Ова е голема чест, да го заменам Војдан (Стојановски). Но, секако со „капитенската лента“ доаѓа и поголема одговорност на теренот, како и во соблекувалната. Ќе се обидам атмосферата во екипата да остане како што била и до сега и на теренот сите да продолжиме да играме за тимот и да гинеме за секоја топка, изјави Магдевски.

Македонија вечерва го игра првиот од двата контролни натпревара со селекцијата на Швајцарија во рамки на подготовките што националниот тим ги реализира во Гевгелија. Почетокот на дуелот е во 19 часот

Поврзани вести