Skip to main content

Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка Маја Сивањанам

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со новата амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија, Маја Сивањанам.

За содржината на разговорот и испратените пораки за билатералната соработка, премиерот информираше преку својот профил на Фејсбук:

На средбата ја истакнавме важноста на долгогодишните пријателски односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и потребата од нивно натамошно унапредување преку продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес“

Мицкоски додаде дека Обединетото Кралство претставува значаен партнер на Македонија, а континуираниот дијалог и заемната поддршка се важна основа за градење посилни билатерални односи и нови можности за соработка.

Поврзани вести