
Брзо и лесно се прави овој домашен сладолед од банани:
Состојки
- 3 банани
- 5 лажици шеќер
- 50 мл вода
- 500 мл слатка павлака
- 50 мл кисела павлака или грчки јогурт
Подготовка
Излупете ги бананите и исечете ги на кругчиња, потоа додадете ги шеќерот и водата и варете пет минути, додека не се направат каша. Оставете ги да се изладат.
Додека пирето од банани се лади, со миксер изматете ја слатката павлака, додадете го грчкиот јогурт или киселата павлака, а потоа и изладеното пире. Мешајте со миксерот додека не се направи хомогена смеса. Истурете ја во сад со капак и ставете ја во замрзнувач преку ноќ.