Skip to main content

Не ѝ го вратил двегодишниот син навреме, полицијата ги пронајде мртви: Грозен случај на убиство и самоубиство

Фејсбук / Kantonspolizei St.Gallen

Хрватски државјанин (33) и неговиот две и полгодишен син биле пронајдени мртви во сместувачки објект во градот Ватвил, во кантонот Сент Гален во Швајцарија.

Полицијата во Сент Гален добила пријава од мајката, со која таткото живеел разделено, дека тој не го вратил нивниот син во договореното време, пренесува порталот „Блувин“ (Bluewin). По опсежна потрага, полициските службеници доцна вечерта ги пронашле безживотните тела на мажот и момчето во сместувачки објект во областа Ватвил.

Според официјалното соопштение на полицијата, околностите укажуваат на тоа дека 33-годишниот татко го убил својот син со огнено оружје, а потоа со истото оружје си го одзел и сопствениот живот.

Поврзани вести