Skip to main content

Дали случајот „Епстајн“ е тест за популарноста на Трамп?

Во деновите откако администрацијата на Трамп објави меморандум за Џефри Епстајн, кој е во директна спротивност со теориите на заговор промовирани од претседателот и некои од неговите највисоки соработници, движењето на Трамп и неговите најжестоки поддржувачи се во бунт.

Министерството за правда и ФБИ минатата недела објавија меморандум во кој заклучија дека нема докази дека Епстајн имал листа на моќни луѓе кои учествувале во неговиот наводен подземен свет на трговија со секс и педофилија. Исто така, се наведува дека познатиот поранешен финансиер починал од самоубиство, а не бил убиен во неговата ќелија во затворот во Њујорк.

Сепак, после години на големи ветувања кон базата на претседателот, меморандумот не успеа да обезбеди клучен доказ, што ги поткопува зборовите на Трамп и неговиот тим. Светот на МАГА не е задоволен, што доведува до конфликт меѓу најблиските сојузници на претседателот.

Додека Трамп ги брани наодите, ситуацијата создаде невиден тест за лојалност меѓу претседателот и движењето што тој го создаде. Иако Трамп долго време имаше значително влијание врз својата база, ова е еден од првите случаи кога неговото движење не ги следи неговите насоки — можеби нудејќи рана скица за тоа како МАГА ќе еволуира во ерата по Трамп.

Внатрешните конфликти меѓу Министерството за правда и ФБИ достигнаа кулминација во средата на експлозивен состанок каде што директорот на ФБИ, Каш Пател, и неговиот заменик, Дан Бонџино, беа соочени со прашања дали стојат зад приказната дека ФБИ сакало да објави повеќе информации за Епстајн, но било попречено од Министерството за правда. По тој состанок, Бонџино им кажал на луѓето дека размислува за оставка и не се појавил на работа во петокот, додека неговиот статус во администрацијата останува неизвесен.

Трамп во неделата изјави „Мислам дека е така“ кога новинарите го прашаа дали Бонџино сè уште е заменик-директор на ФБИ, но додаде дека „е во добра форма“ откако разговарал со него претходно истиот ден. Пател, од своја страна, во саботата објави на социјалните мрежи дека ќе продолжи да служи во администрацијата на Трамп.

Иако често ги разгоруваше теориите на заговор за Епстајн, Пател во својата објава призна: „Теориите на заговор едноставно не се вистинити, никогаш не биле“.

Главната обвинителка Памела Бонди, која повеќепати ветуваше дека ќе ги објави документите за Епстајн, се соочи со најголемиот дел од фрустрацијата на поддржувачите на МАГА.Таа можеше да стане жртвен јарец, но Трамп досега јасно покажа дека ја поддржува својата главна обвинителка, изразувајќи силна поддршка во објава на социјалните мрежи во саботата и поканувајќи ја Бонди да му се придружи на финалето на Светското клупско првенство на ФИФА во Њу Џерси во неделата, каде што таа го гледаше натпреварот од ложата на претседателот, а Трамп ѝ покажа палец нагоре.

Внатрешните конфликти очигледно го изненадија претседателот, па Трамп се обиде да ги смири своите поддржувачи и да ја заштити Бонди за време на викендот.„Што се случува со моите момчиња и, во некои случаи, девојки? Сите ја напаѓаат главната обвинителка Пам Бонди, која врши ФАНТАСТИЧНА работа! Ние сме еден тим, МАГА, и не ми се допаѓа што се случува“, напиша тој на Truth Social.

Приватно, Трамп исто така ја удвои својата поддршка за Бонди. Претседателот за време на викендот телефонски разговараше со некои од најгласните критичари на главната обвинителка во обид да го спречи ескалирањето на ситуацијата околу документите за Епстајн, изјавија за Си-Ен-Ен три извори запознати со ситуацијата.

Членови од најблискиот круг на претседателот, исто така, контактирале со некои од нејзините најгласни критичари, во суштина барајќи од нив да се смират. Нејзината позиција, велат тие, е сигурна — засега.Претседателот, исто така, се врати на познатата тактика, обвинувајќи ги демократите: „Зошто овие радикални леви лудаци не ги објавија документите за Епстајн? Ако имаше НЕШТО во нив што можеше да му наштети на движењето МАГА, зошто не го искористија?“ И Епстајн, тврди Трамп, е „некој за кого никому не му е грижа“.

Но, тоа изгледа не беше доволно за да смири многу од неговите најгласни и истакнати поддржувачи, кои постојано ја покренуваа оваа тема на Самитот за студентска акција на Turning Point USA, настан насочен кон мобилизација на младите конзервативци, во Тампа, Флорида.

Бонди „никогаш не пропушти можност да се појави на телевизија и да ветува дека нешто ќе дојде. Се обидуваше да ве убеди дека го има, дека е на нејзината маса, дека утре ќе го видите, дека нешто за Епстајн доаѓа, а тоа беше мамка. Па, или верувате дека Пам Бонди тогаш ја зборуваше вистината, или дека сега ја зборува вистината, но двете не можат да бидат вистинити, рече конзервативната политичка коментаторка Мегин Кели на самитот во петокот, нарекувајќи ја Бонди „злосторник во оваа приказна“.

Пратеничката Ана Паулина Луна, републиканка од Флорида, во саботата предупреди: „Пам, ако не можеш да си ја вршиш работата, ќе најдеме некој што може“.

Иако голем дел од критиките беа насочени кон Бонди, други ја обвинија администрацијата во целина. – Не мислам дека ни ја кажуваат вистината за Епстајн. Мислам дека тој човек бил вмешан во нешто подмолно што имплицира многу луѓе. И мојата претпоставка е дека тие луѓе можеби се некои од нашите сојузниц“, рече јутјуберот и конзервативен политички коментатор Брендон Тејтум.

Поранешниот советник на Трамп, Стив Банон, го нарече Епстајн „клучот што отклучува многу работи — не само поединци, туку и институции“.

Водителката на Фокс Њуз, Лора Инграхам, направи анкета меѓу публиката на самитот: „Колку од вас се задоволни — можете да аплаудирате — задоволни со резултатите од истрагата за Епстајн?“Таа доби огромно негодување. И не се само конзервативците со јавна платформа.

Доналд О’Саливан од Си-Ен-Ен разговараше со поддржувачи на Трамп за време на викендот, кои го повикаа претседателот да ги објави документите за кои неговиот тим вели дека не постојат. – Не мислам дека луѓето ќе молчат додека навистина не го направат тоа. Но, кој знае дали некогаш ќе ја дознаеме вистинската приказна, рече Лиза Брит. – Има две работи за кои претседателот Трамп лажеше: Едната беше дека документите за Епстајн ќе бидат објавени, а тие сè уште не се објавени. Треба да се објават, рече Тејлор Шарп. „Втората работа е дека не сме уморни од победи. Тој рече дека ќе се умориме од победи. Ние не сме уморни од побед“