Skip to main content
Ново правило во Бугарија

Кој има имот во Грција мора да докаже приход последните пет години

Се воведува ново правило во Бугарија. Сите што имаат имот во Грција, ќе докажуваат приход за последните пет години, објави „Лентата.бг.

Секој Бугарин со имот во Грција мора да се подготви за проверка на приходите . Оваа година, агенцијата за приходи има кампања против лица кои стекнале недвижен имот во Грција.

Проверката е дел од политиката на бугарските власти за расветлување на непријавените приходи.

Даночните власти спроведуваат проверки и ревизии на лица кои стекнале недвижен имот и во земјата и во странство. Целта на контролните постапки е да се утврди дали приходот пријавен од лицата одговара на нивната финансиска состојба.

Извор: Лентата.бг

Поврзани вести