
Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска ја почна својата посета на Кина со цел продлабочување на неодамна стабилизираните трговски односи и покрај сè уште присутните билатерални тензии.
Канбера и Пекинг имаа бројни несогласувања во текот на изминатата деценија, од националната безбедност до различни интереси во поширокиот пацифички регион.
Меѓутоа, ситуацијата се смири во декември кога Кина ја укина забраната за увоз на австралиски јастог, што беше последната точка од трговската војна која почна во 2017 година, кога билатералните врски беа на најниско ниво.
Албанезе, придружуван од делегација на деловни лидери – кои треба да учествуваат на тркалезна маса во Пекинг, го пофали „многу топлиот пречек“ во кратка изјава за новинарите веднаш по пристигнувањето во Шангај.
Албанезе, кој е во втора посета на Кина како премиер, треба да ги посети Пекинг и Ченгду за време на престојот кој трае до петок.
Со кинеските власти, вклучувајќи го и претседателот Си Џинпинг. Соработуваме каде што можеме, не се согласуваме секаде, но способни сме да водиме искрени разговори за тие несогласувања, им рече австралискиот премиер на новинарите пред заминувањето.
Од своја страна, кинеската дипломатија нагласи дека билатералните односи „продолжуваат да се подобруваат и развиваат“.