
После години запуштеност и неодржуваност, саниран е Музејот на вода во Заливот на коските кај Градиште, еден од најатрактивните и најпосетени локалитети во Охрид. Станува збор за санација за која беа потрошени 15 милиони денари (над 240.000 евра) од буџетот на Завод и Музеј Охрид, рече денеска директорот Горан Патчев.
„Презедовме доста чекори за реставрација на самата инсталација, на изложбениот простор во музејот, санитарните јазли, за системот за наводнување. Седум години не беше ништо вложувано и изминатава година доста интензивно се спроведоа активности“, кажа Патчев.