
Вчера во 05.50 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Битола, мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Д.И.(19) од Битола удрил во пешакот М.А.(76), двајцата од Битола.
Со тешки телесни повреди се здобиле пешакот М.А. и мотоциклистот Д.И., а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник В.Ц.(19) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.