
Вчера околу 20.05 часот во ОВР Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.В.(65) од Гостивар.
Имено, тој дошол во просториите на ОВР Гостивар и сакал да поднесе претставка против полициски службеник затоа што му издал прекршочен патен налог за погрешно паркирање и притоа го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.