
Чешкиот министер за надворешни работи, Петр Мацинка, изјави дека неговата земја го признала Косово под притисок од поранештана државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт.
Чешката влада подлегна на одредени притисоци кога ја призна независноста на Косово во 2008 година“, изјави Мацинка.
Тој оцени дека таквата одлука веројатно е последица на врските на тогашниот чешки министер за надворешни работи Карел Шварценберг со поранешната државна секретарка на САД, Медлен Олбрајт.
Што се однесува до денешната политика, не сакаме да додаваме никаква нова динамика, да правиме потези што би биле театрални или ненадејни. Едноставно не е во природата на нашата влада да прави таков гест. Веруваме дека косовското прашање е српско прашање, регионално прашање, а не меѓународно прашање“, додаде Мацинка.

Македонски


