Skip to main content

Мицкоски за повикот за етничко гласање во Брвеница: Има политичари кои живеат во минатиот век во време кога зборуваме за вештачка интелегенција

– ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од изборите во Брвеница има предност од 800 гласа пред кандидатот на коалицијата. За жал, сè уште имаме политичари кои живеат во минатиот век во Македонија и кои сè уште ја бараат поддршката на граѓаните во време кога зборуваме за вештачка интелигенција – рече денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски коментирајќи ги повиците на вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница да се гласа по етничка припадност.    

ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој, ја бара поддршката од жителите на општина Брвеница и јас сум сигурен во победата во вториот круг на нашиот кандидат и тоа ќе биде уште еден доказ дека овие сили коишто припаѓаат на минатиот век ќе останат во минатиот век. 

– Кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи на предвремените локални избори во Брвеница, за жал, поради прераната смрт на нашиот Јовица, којшто беше најуспешниот градоначалник во историјата на таа општина. Остави позади себе големи дела и работи во процес на изработка. Тој никогаш не ги делеше жителите на Општина Брвеница на националност, дали тоа е македонска, дали тоа е албанска или друга, небитно. Работеше за сите, работеше и за Брвеница, и за Седларце, но работеше и за Челопек, и за Теново, и за Гургурница – изјави Мицкоски

Поврзани вести