
Оклахома Сити ноќеска ја победи Индијана со 123:107 во вториот натпревар од финалето на НБА плејофот.
Најдобриот кошаркар на Оклахома, Шеј Гиџеус-Александер беше најефикасен кошаркар на теренот со 34 постигнати поени.
Во поразениот тим се истакна Тајрис Халибартон со 17 поени.
Резултатот во серијата прв до четири победи сега е 1:1.
Третиот натпревар ќе се одржи на 12 јуни.