Skip to main content

Планетата останува без дивиот свет – 73 отсто од дивите ‘рбетници исчезнале за половина век

michael-siebert-from-pixabay

Просечниот број на популациите на диви ‘рбетници, следени од науката, е намален за 73 отсто во текот на изминатите 52 години. Сепак, примерите за обновување кај зелените морски желки, сината туна, тигрите и африканските слонови покажуваат дека мерките за заштита на природата даваат резултати.

Извештајот „Жива планета 2026“ (Living Planet Report 2026) објавен од Светскиот фонд за природа (СФП), изготвен од британското „Зоолошко друштво на Лондон“, следи 35.803 популации од 5.790 видови ‘рбетници – од 1970 година досега. Така, најголемо опаѓање е забележано во слатководните екосистеми (85 отсто), по што следат копнените (69 отсто) и морските екосистеми (59 отсто), пренесува „Дер шпигел“.

Уништувањето и губењето на живеалиштата се главните причинители за овој тренд, проследени со прекумерното искористување на природните ресурси, климатските промени, загадувањето, инвазивните видови и болестите. СФП истакнуваа дека речиси половина од популациите вклучени во анализата се стабилни или во раст – при што 43 отсто бележат раст, а 7 отсто остануваат стабилни. Сепак, стапката на опаѓање ја надминува стапката на раст, што резултира со просечно намалување на светско ниво од 73 отсто.

Најголемо опаѓање е забележано во Латинска Америка и на Карибите (95 отсто), по што следат Африка (80 отсто) и азиско-пацифичкото подрачје (49 отсто). Cеверна Америка, според СФП, бележи пад од 28 отсто, додека Европа и Средна Азија имаат пад од 23 отсто.  

Поврзани вести