
Главна светска вест е договорот помеѓу претседателите на САД и на Русија за испорака на руски дизел. Трамп објави дека постигнал договор со рускиот претседател Владимир Путин за снабдување со руски дизел за да ги намали трошоците за енергија .
Трамп на социјалните мрежи напиша дека Путин се согласил „веднаш да испорача“ повеќе од 300.000 тони дизел на глобалните енергетски пазари, а ветени се уште 500.000 тони за ноември. Според Американската управа за енергетски информации, овие количини заедно – што одговараат на 6 милиони барели дизел гориво – би ја покриле побарувачката во САД за околу ден и пол.
Како одговор на овој договор ЕУ најавува нов пакет санкции за Русија.
Трамп изјави дека по првите пратки ќе бидат испорачани уште милиони тони руски дизел, „во зависност од состојбата на нивните рафинерии за дизел“

Македонски


