
На 26.05. во 17.59 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош е пријавено дека во поликлиника на подрачјето на општина Аеродром има починато лице.
Излезено е на местото на настанот и извршен бил службен разговор со лекар, при што е констатирано дека при преглед, кој бил претходно закажан, Љ.М.(61) изгубил свест и починал. Лекар констатирал смрт, сооштија од МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.