Skip to main content

Свечен концерт „Академија на духовна музика“ во манастирот „Св. Спас“

Гевгелиското архиерејско намесништво, по повод чествувањето на заштитникот на градот Гевгелија и манастирската слава- Христово Вознесение, Св. Спас, денес (27 мај 2025 година), организира свечен концерт „Академија на духовна музика“. Во манастирот „Св. Спас“, со почеток во 18:30 часот, ќе настапат Градскиот мешан хор „Гортинија“- Гевгелија и Камерниот црковен хор „Св. вмч. Пантелејмон“- Велес.

Гортинците, под диригентската палка на м-р Илија Атанасов, ќе настапат со изведба на композициите: „Свечена песна за Свети Кирил и Методиј“- Таки Хрисиќ, „Тебе поем“- Стефан Моќрањац, „Херувимска песна“- Атанас Бадев и “Dies Irae”- Ј. Trotta. Додека, велешкиот Камерен црковен хор ќе настапи со: „Тебе поем“- Дмитри Бортњански, „Оче наш”- Чајковски и „Јако Апостолов“- Бадев, Шуплевски.

Свечениот концерт „Академија на духовна музика“ е дел од програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“.

Поврзани вести