Skip to main content

Песков: Одлуката на Европа да ги укине ограничувањата на Украина за употреба на оружје со долг дострел е опасна

marek-studzinski-on-unsplash

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека одлуката на повеќе европски држави да го суспендираат ограничувањето на дострелот на ракетните напади на Украина врз руска територија е потенцијално опасна и е спротивна на обидите за постигнување решение.

Одлуките, доколку навистина се донесат такви одлуки, се апсолутно спротивни на нашите аспирации за постигнување политичко решение и напорите што моментално се вложуваат во рамките на тоа решение. Тоа е прилично опасна одлука, наведе Песков.

Претходно, германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Берлин ги укинал ограничувањата на Украина за употреба на оружје со долг дострел.

-Велика Британија, Франција, САД, а сега и Германија, ги укинаа ограничувањата за дострелот на нивното оружје испорачано во Украина, што значи дека Киев сега може да напаѓа на руска територија со оружје со долг дострел, посочи Мерц.

Тој додаде дека до неодамна, Украина не можела да го направи тоа, освен во многу ретки случаи, а не го правела тоа.

Украина претходно доби ракети со долг дострел од САД, Велика Британија и Франција, меѓи кои и АТАЦМС, „Сторм шедоу“ (Storm Shadow) и СЦАЛП.

Дури кон крајот на 2024 година, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и другите сојузници ги ублажија ограничувања, дозволувајќи ѝ на Украина да користи ракети со долг дострел против руски цели во пограничните региони.

Мерц, пред да стане канцелар најави дека ќе ја укине забраната на својот претходник Олаф Шолц за испорака на германските крстосувачки ракети „Таурус“, кои имаат дострел од 500 километри. Сепак, откако ја презеде функцијата, тој не потврди дали на Украина ќе и бидат испорачани ракетите „Таурус“.

Поврзани вести