„Сведокот Гоце е осомничен за друго кривично дело и тој е недостапен за обвинителството“.
Ова го изјавија од Јавното обвинителство на брифинг на прашање на ТВ21 за убиството на Вања и на Панче. Гоце Трајковски, кој требаше да сведочи за исчезнувањето и убивањето на Вања Ѓорчевска, извршил палење на објект во Кисела Вода.
Во однос на сведокот Гоце тој е осомничен и за друго тешко кривично дело и во моментов тој е недостапен. Осомничен е за палење на објект во кој над објектот живеат станари, станува збор за тешко дело, каде две лица соизвршители се во притвор. Тоа се случило на 13-ти ноември и има соопштение за опожарено кафуле во Кисела Вода“, изјави Гаврил Бубевски.
Станува збор за опожарениот угостителски објект – кафуле на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода во кој на 13 ноември, околу 3 часот наутро, тројца со пожар предизвикале имотна штета со вредност во износ од околу 450 илјади денари. Со оглед на тоа што кафулето е лоцирано во поголема станбена зграда, постоела опасност тие со пожарот да предизвикаат и значителна опасност за животот и телото на станарите.
ТВ21 дознава дека Гоце Трајковски е во бегство. Исто така се дознава дека тој при предизвикување на пожарот се самозапалил, но минал само со ситни изгореници.