Skip to main content
ВМРО-ДПМНЕ

Јавното обвинителство да ја испита улогата на Филипче како поранешен министер за здравство за случајот Онкологија

За краток период од недела дена македонската јавност е сведок како судско обвинителскиот систем, односно поединци во него, го покажаа својот поданички и клиентелистички однос кон СДС, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Наместо да го судат и гонат криминалот и сите засегнати да ги изведат пред лицето на правдата, тие спасуваат од обвиненија или од пресуди луѓе од највисокото раководство на СДС.

После пресудата за Модуларната болница во Тетово, кривичната пријава за Онкологија е втор случај каде Венко Филипче, како поранешен министер за здравство во чие време се случија двата немили настани, се спасува од одговорност.

Скандалот со Онкологија, кога на клиниката се правел криминал од тешки размери по буџетот и здравјето и животот на луѓето, се случува во време кога Филипче е министер за здравство.

Со случајот на Онкологија, кога Филипче е министер, Буџетот е оштетен за износ од над 2,2 милијарди денари.

Но, Венко Филипче повторно, ни во овој случај, исто како за Модуларната во Тетово, не е вклучен ни во истражна, ниту во судска постапка, односно во кривичното обвинение.

Затоа, легитимно го поставуваме прашањето, дали Филипче има некаков договор со поединци од судската или обвинителската фела, да не биде изземен од одговорност и да не биде повикан ниту на разговор?

Го повикуваме Јавното обвинителство да ја испита улогата на Филипче за случајот Онкологија, а не да го изземаат од случаевите настанати во негов министерски мандат.

Се ова покажува дека Филипче е заштитен од судиите и обвинителите кои СДС со ДУИ ги бираа по партиска директива од Муртино и Зајас, затоа што тој не беше вклучен ниту во процесот за Модуларната, ниту за Стабри вакцините, ниту, пак, за крвавите тендери.

ЈО мора итно да ја истражи проневерата од 2,2 милијарди денари во Онкологија, немањето терапија за најтешко болните пациенти од рак и набавките на скапи лекови од компанија блиска до Филипче.

Филипче е синоним за криминал, корупција и неспособност, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани вести