Skip to main content

Првпат намален јавниот долг во првиот квартал од годината

Фискалната консолидација останува приоритет на Владата и нема да отстапиме од она што е дефинирано со Фискалната стратегија. Кулминацијата ја достигнавме и сега ќе одиме кон намалување на јавниот долг, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во врска со влијанието на реализацијата на новиот инвестициски план врз нивото на јавниот долг.

Буџетскиот дефицит минатата година беше 4,4 проценти од БДП, Оваа година е 4 отсто. Јавниот долг во првиот квартал од 2025 година е најнизок во последните 5 години и првпат од 2018 година наваму бележи намалување во споредба со крајот на годината, односно, од 2018 година наваму нема година освен оваа во која јавниот долг во првиот квартал е помал отколку на крајот на годината, рече министерката за финансии во гостувањето во 360 Степени и додаде дека долгот во првиот квартал е намален за 36 милиони евра, нешто што не се случувало во минатиот период.

Потенцира дека има внимателен пристап во работењето и дека тоа ја покажува грижата кон Буџетот.

Можев и јас како во претходниот период. Се задолжувале во првиот квартал за да бидат спокојни до крајот на годината, а потоа граѓаните ги плаќале каматите. Можев и јас да ја задолжам државата 300-400 милиони евра и потоа да плаќаме камата од 7 проценти секој месец. Но, кој ќе одговра. Оваа министерка тоа нема да го дозволи. Тоа го покажуваат и податоците, рече Димитриеска-Кочоскаа.

Таа потенцира дека задолжувањето е оправдано само ако има додадена вредност во економијата.

Поврзани вести